Медиуми: Снимени од дрон „српските терористи кога бегаат кон планините“ по судирот со косовската полиција – „Како избегаа, ако беа опколени“?


„Преку видео-снимка од дрон е објавен моментот кога српските терористи го напуштаат манастирот во селото Бањска, откако ја нападнаа косовската полиција и убивајќи го наредникот Африм Буњаку. Снимките ги објави во јавноста новинската агенција Асошиетед прес.“ – пренесоа информативната агенција Илирија – ИНА, Клан Косова и многу други медиуми на албански јазик во Македонија и Балканот.

Паѓа во очи фактот што значителен дел од албанските медиуми главно ја споменуваат само смртта на припадникот на албанската полиција, но не и дека се убиени и тројца Срби од групата, која се наоѓала во манастирот.



Видео-снимка на „Асошиетед прес“ на јутуб: