Медиуми: Силни политички и меѓуетнички вриежи во Црна Гора

„Црногорската полиција силно интервенираше против бранот навреди, омраза и антиалбански напади по иницијативата на партијата ‘Ура’ за формирање нова Влада без просрпските партии. Во просрпските медиуми и портали е понижено националното албанско знаме, на кое орелот е нацртан како ној, на кој е поставен вицепремиерот на Црна Гора и лидер на партијата ‘Ура’ Дритан Абазовиќ. Се очекува тој да биде претседател на Владата.“ – објавуваат весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик во Македонија.

„Лајм“ пишува: „Специјализираниот Центар против дигитални напади на црногорската полиција нареди итен прекин на овој бран, во спротивно се закани дека ќе ги затвори сите овие адреси. ‘Говорот на омраза се врати на црногорскиот интернет-простор по предлогот за недоверба на 42-та влада на Црна Гора.’ – се вели во аналитичката изјава на научниот центар за дигитална борба при црногорската полиција. Во овој целосен и детален материјал се наведува дека неколку месеци ‘претставниците на политичките партии, но и најранливите групи, жените и децата, се изложени на најбрутални навреди, закани и говор на омраза, врз основа на национална, верска и политичка основа’. Ваквите ставови поттикнуваат и оправдуваат нетрпеливост во општеството и поттикнуваат насилство.“

„Освен Абазовиќ, кој беше навредуван и за кого беше упатен повик да биде убиен, нападнат беше и лидерот на граѓанската политичка партија Срѓа Павичевиќ. Него го обвинија дека е ‘фашист’ откако направи коалиција со Албанците. Порталот ‘ИН4С’ (‘IN4S’) објави повик: ‘Ох денес, ох никогаш нема Албанците, Бошњаците и протераните од православието да ни ја урнат Владата!’ Порталот ‘Борба“ повика на насилство. ‘Да станеме, да им го покажеме местото!’ – пишува овој портал кој го навреди албанското знаме, нацртувајќи го орелот како ној, кој Абазовиќ го јавнал.“ – пренесуваат „Лајм“ и другите медиуми на албански јазик во Македонија.