Медиуми: Дали Кастриот Реџепи ќе влезе во пратеничката група на ДУИ?


„Пратеничката на Демократската унија за интеграција, Арта Билали-Зендели денеска објави фотографија од Собранието. На фотографијата, покрај некои пратеници и функционери на ДУИ, може да се види и пратеникот на Движењето Беса Кастриот Реџепи, Реџепи се наоѓа до пратеникот и потпретседател на ДУИ Изет Меџити.“ – објавија ТВ21 и информативниот портал „ин7“ во информацијата со наслов „Кастриот Реџепи заедно со пратеници и министри на ДУИ.“

Медиумите јавуваат: „Работна атмосфера’, напиша пратеничката Билали-Зендели во описот на фотографијата.“

„Движењето Беса пред извесно време соопшти дека го исклучиле Реџепи од сите функции во партијата, бидејќи тој отсуствуваше во Собранието за време на гласањето за уривање на Владата Заев. Поради тоа остана нејасно како ќе функционира Реџепи во Собранието. Дали оваа фотографија е најава дека Кастриот Реџепи ќе влезе во пратеничката група на ДУИ во Собранието?“