Медиум близок на ДУИ ги навредува и критикува Албанците што се сликаа пред знамето на ВМРО-ДПМНЕ


„ВМРО ДПМНЕ е позната по својот конзервативизам и националистичката идеологија уште од своето основање. Но, неодамна, нејзините млади, нејзините симпатизери го поврзаа партиското знаме со албанското знаме, ставајќи така до знаење дека се доближуваат до албанското бирачко тело. Оваа вест во нашите медиуми помина како вообичаена вест без да се крене врева. Без никаква реакција. Оваа ситуација покренува прашање: сега кога СДСМ има доволно Албанци во своите структури, нема да биде интересно ниту ако и Јанко Бачев го поврзе своето знаме со албанското?“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата анализа со наслов „Албанците во македонските партии / СДСМ тргна од Арачиново, ВМРО ДПМНЕ од Сарај. Зошто? Како?“.

„Журнал“ пишува: „Албанците од Сарај се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ’ – ова е насловот на веста, која премолчано мина низ лавиринтот на албанското јавно мислење. Можеби претходните наслови од последниот период дека многу Албанци преминуваат во СДСМ создадоа имунитет и сега Албанците во Македонија се отворени и етничките линии не им пречат да се зачленуваат во партии, кои самите се сметаат како идеолошки чисто македонски партии. Ова може да биде поволно за ВМРО, бидејќи ги користи Албанците за да докаже дека веќе не е онаа ВМРО на Никола Груевски со албанофобијата. ВМРО веќе видно ја научи лекцијата дека Албанците се силен политички чинител и оти од нив се добива ‘аминот’ за формирање која било владина констелација. Оттука, не е случаен ловот на ВМРО ДПМНЕ во албанските населени места. СДСМ имаше започнато со тоа во Арачиново, а денес ВМРО ДПМНЕ го прави истото тоа во Сарај.“

„На СДСМ, левичарската партија, и беше полесно да ја оправда својата отвореност и кон Албанците и кон другите заедници во Македонија, поради нејзината идеологија ослободена од национализмите. Потоа, тука е и историскиот момент, ако можеме така да го наречеме, на уривањето на автократот Никола Груевски. Албанците во СДСМ го видоа единствениот пат, за да го урнат Груевски. Така, до денес СДСМ доволно добро ја користи оваа ситуација и го одржува своето партнерство со ДУИ на ниво. ДУИ и Албанците никогаш порано немаа толку голем политички, но и квантитативен простор, како што е сега. Денес извршната власт е поделена 50 / 50 меѓу Албанците и Македонците. Врз основа на ова, ВМРО ДПМНЕ ќе работи многу, за да влезе на овој терен. Меѓутоа, колку е отворена партиската идеологија на ВМРО ДПМНЕ за ваквите работи? И покрај тоа, може ли еден Албанец да и се приближи на ВМРО ДПМНЕ, земајќи го предвид профилирањето на ВМРО ДПМНЕ како партија?“

„ВМРО-ДПМНЕ е демохристијанска партија. Партија на македонската национална заедница, која го штити и го негува наследството на македонскиот народ. За да станеш член на оваа партија, треба да ги прифатиш идеолошките и програмските определби на партијата. Ниту од политичката, ниту од општата култура Албанците немаат ниедна заедничка точка со ВМРО ДПМНЕ. Логичниот одговор е многу едноставен: Албанците се зачленуваат во ВМРО ДПМНЕ, бидејќи него го гледаат како средство, за да дојдат на власт, односно, за да го исполнат своето ‘јас’. Една сорта Албанци, кои не успеале да ја доживеат извршната власт преку ниедна албанска партија, или преку СДСМ.“

„Интересот е двостран, заемен: ВМРО ДПМНЕ да земе дел од албанскиот електорат, како гаранција за власт, но и заради фалење пред меѓународниот чинител во стилот ‘колку се отворени за сите’, оти ‘ќе бидат сеопфатни’ и така натаму. На овој начин тие тврдат дека ги бришат дамките дека се антиалбански партии, оти се против Преспанскиот договор, дека се против Договорот за пријателство со Бугарија… и така натаму.“ – заклучува „Журнал“ во својата анализа.



Алмакос: Млади Албанци од Сарај се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ