Општинското државно правобранителство во Чаковец, Хрватска, по спроведената истрага, поднесе обвинение пред Општинскиот суд во Чаковец против медицинска сестра за сторено кривично дело несовесно постапување, пренесуваат хрватски медиуми.
Обвинението ја товари 28-годишната обвинета дека е на 29 септември 2020 година во окружната болница, како медицинска сестра задолжена за грижа за пациент со хемодијализа, кој бил во просторијата за изолација поради контакт со позитивно лице на корона, непромислено му вбризгала бензин во катетерот на вратот на пациентот наместо физиолошки раствор,
„Бензинот влегол во крвотокот, што довело до труење на организмот и откажување на неколку органи, поради што пациентот, и покрај итните мерки на реанимација и лекарска помош, починал истиот ден“, посочуваат од Обвинителството.







