Во анализа на влијателниот бугарски медиапул.бг се вели дека се уште нема исчекор во решението меѓу Македонија и Бугарија но дека има активности кои можат да ги придвижат работите.
Медиапул цитира неименувани дипломатски извори кои тврдат дека сега Германија ќе врши притисок на Македонија да ги прифати бугарските барања затоа што предходно не сакала да преговара додека притисокот бил само кон Бугарија.
Понатаму Медиапул вели дека Заев ја добил поддршката од Албанците за да го реши спорот и да го отвори патот на Македонија кон ЕУ.
Порталот ја потврдува информацијата на Али Ахмети дека има нови предлози испратени од Скопје во Софија но не дава детали што има во нив ниту дали тие се прифатливи за Бугарија.
Тасевски до Заев: Зоран, излези еднаш маж и јавно побарај оставка од Груби





