Македонија не успеа да го добие првиот Оскар во категоријата најдобар документарен филм на вечерашната церемонија на доделувањето на наградите на најпрестижната светска филмска академија.
Покрај победникот „Американска фабрика меѓу номинираните за најдобар документарец покрај „Медена земја“ беа „Пештерата“, „Доба на демократија“ и „За Сама“.
Втората шанса за Оскар за Медена земја ќе се случи за нешто повеќе од 1 час кога ќе се бира најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
За најдобар странски филм номинирани се и „Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.






