Награда за интернационален успех доби екипата на „Медена земја“ на овогодинешната „Златна Бубамара“ на популарноста што се одржа синоќа.
Кинематографот Фејми Даут рече при примање на наградата изјави: „Не добивме Оскар во Америка, но добивме македонски Оскар“.
Атиџе Муратова запеа песна и доби стоечки овации на синоќешната 23 по ред „Златна Бубамара на популарноста“ во А1 Арената. .
„ Светот се измори од лажни херои“, рече режисерката на филмот кој освои десетици награди низ светот.
Тамара Котеска порача дека блискоста на целиот народ кон Атиџе и семејството од филмот е знак дека луѓето сакаат вистински херои.




