Претседателот Стево Пендаровски синоќа на свечена церемонија во Даут-пашин амам во Скопје, им врачи Медал за заслуги на членовите на трио од популарното хумористично шоу „К-15“,Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров.
Со Орден за заслуги претседателот ги одликува и актерите Тодоровски, Мјаку и Ангеловски.
Актерот Гоце Тодоровски со Орденот за заслуги е одликуван за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност.
Со Орденот за заслуги актерот Коле Ангеловски, пак, се одликува за 60-годишната богата уметничка кариера како една од најкомплексните фигури на македонскиот театар и филм.
Актерот Бајруш Мјаку е одликуван за неговата тридецениска кариера како еден од најзначајните актери во современиот македонски театар кој се втемели како една од централните театарски фигури во земјава.
Признанието Повелба на Република Македонија му беше доделено на Албанскиот театар за седумдецениското постоење низ кое се етаблирал во една од водечките уметнички институции којашто остварува значајна културна, образовна и естетска дејност во македонското општество.





