Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја искористи денешната заедничка прес-конференција во Виена, на премиерот Заев да му честита за решавање на речиси три деценискиот спор за името со Република Грција.
Според австрискиот канцелар тоа беше олемо прашање со големи предзивици, кое мораше да се реши за европската перспектива на Република Македонија, но за перспективата на регионот на Западен Балкан.
Како знак на уважување на овој, како што рече канцеларот Курц, историски успех на премиерот Заев и на Република Македонија, тој денеска на премиерот Заев му врачи медал „Алојз Мок“ за посебни достигнувања за мир и единство во Европа.




