Можеби во Грција немаат многу разбирање за луѓето во Македонија (што се самоидентификуваат според името на својата држава), но имаат за трауматизираните животни од другата страна на границата, како во случајот со мечокот Ушко.
Токму примерот со тригодишниот предатор се издвојува во репортажата на британскиот весник „Дејли мејл“ од засолништето за диви животни повредени од луѓе „Арктурос“ во Нимфајо поради неговата тажна судбина.
Ушко е најден во Македонија како бебе, парализиран од половината надолу, а персоналот на „Арктурос“, изненаден од неговата желба за живот, рачно му изработил количка на тркала што му овозможува да се движи наоколу по рамните површини од засолништето.






