Ме зграпчи со заби за слабината – Сведоштво на човекот кој едвај се спаси од напад на мечка

Минче Рамчевски, 76-годишен жител од село Пласница е човекот кој денеска беше нападнат и повреден од мечка, во близина на селото Ораоец, и бил спасен од ловџии кои случајно се нашле во близина.



Рамчевски бил излезен во планината да бере шумски плодви изутрината околу 8 часот, кога одеднаш мечката му се приближила од зад грб, го зграпчила и го турнала на земја.

„Потоа ме фати за слабините со забите. Многу се изплашив. Викав, помош, помош..“ – ја раскажува случката 76-годишниот Минче Рамчевски од Пласница.

https://youtube.com/watch?v=pgypXXyeQhk%3Fsi%3Dlrkc8acabm71bEcl