Ако може на ироничен начин да се опише што се случува деновиве во МНР според Македонскиот дипломатски синдикат тоа е дека министерот за надворешни работи Бујар Османи Османи на две недели пред техничката влада и на помалку од 5 месеци ,,снима” продолжение на ,,Големото бегство” (Легендарен филм со Силвестер Сталоне).
Според МДС ,,режисерот” Османи надвор од законот и било какви протоколи во МНР и дипломатијата се обидува да испрати свои луѓе на важни дипломатски позиции пред тој да ја заврши кариерата како шеф на дипломатијата.
Во соопштението на МДС се споменуваат извесни Синани и Селами кои треба да заминат како генерален конзул во Њујорк и како амбасадор во Будимпешта.
Синани во САД треба да замине на местото на водителката Бесмира Јакупи која ДУИ сакаше да ја прати без никаква подготовка во Њујорк но по реакциите од јавноста таа беше повлечена за сега Османи да направи уште еден скандал за истата позиција.
Целата РЕАКЦИЈА на МДС за незаконски упатувања на дипломати пред избори:
Македонскиот дипломатски синдикат го крева гласот против растечкиот тренд на разбивање на професионалноста и внатрешните регулативи во Министерството за надворешни работи.
Еклатантен пример за непочитување на внатрешните регулативи е упатувањето на г-нот Мухаби Синани на местото Генерален конзул во Њујорк, истото она место на кое министерот Османи не успеа да ја упати во тоа време ТВ презентерката Бесмира Ејупи. Имено, г-нот Синани, кој што од скоро е вработен во МНР од приватна фирма не исполнува услови за упатување во странство. Тој минатата недела веќе ги има одбрането тезите за упатување без притоа да има стекнато високо дипломатско звање кое е законски услов за именување на генерален конзул. Дополнително имаме информација и дека оваа недела Синани треба забрзано да полага испити во МНР за унапредување од три нивоа нагоре, како неговото упатување би било приспособено на законските барања за упатување на ниво на генерален конзул. Ваквото забрзано полагање за унапредување од низок во висок ранг на дипломат е противзаконско и спротивно на сите принципи на кариерно напредување, кое што е во директна спротивност со на градењето квалитетна и сериозна дипломатија.
Исто така, дознаваме дека се подготвува упатување на г-нот Илми Селами од Чаир за амбасадор во Будимпешта, поради подигање на партискиот рејтинг на г-от Османи во населбата Чаир.
Како дипломатски синдикат не се согласуваме со хипер партизацијата на дипломатијата и нејзина служба во приватни или партиски интереси, ососбено пред избори. Професионалните стандарди мора да бидат светост за секое идно раководство на МНР.
Приметуваме дека министерот Османи забрзано ги упатува своите најблиски соработници во странство, па така повеќе директори и други политички личности се упатуваат за амбасадори надвор од законски уредената процедура (без презентирање на тезите пред собраниската комисија за надворешна политика), а речиси целиот негов Кабинет забрзано се празни и заминува на различни позиции во странство, што навестува дека актуелното раководство се подготвува за големи промени во Министерствоито за надворешни работи.
Следното раководство на МНР треба да ја прекине ваквата пракса и да обезбеди континуитет на раководењето на нашата институција.
Владината институција должи пари
Регулаторно тело тужи владино министерство затоа што не си ги плаќа обврските







