МДЧП: Тие од 27 април терористи, а командант Хоџа чист како солза?!

Македонско движење за човекови права од Њујорк и Њу Џерси со иронија реагира на информацијата дека Џезаир Шакири, познат како командант Хоџа од воениот конфликт во 2001 година, добил функција во Владата на Заев.



„Дурловски, Чавков, Ченто и од ‘дружината од 27 Април 2017’ се ‘терористи’. Овој е ‘чист како солза’. Не е ‘терорист’, а ‘најмалку’ е од криминалното подземје. Со ‘искуство’ е човекот во тој домен, па како она: ‘Најголемиот арамија, најдобар полицаец’?“, напиша МДЧП на својот профил на „Твитер“ за човекот што се наоѓа на црната листа на САД

Во 2001 година Шакири командуваше со борците на ОНА во Арачиново, а таа година преживеа атентат на Косово, наводно, поради проневера на пари од фондот „Татковината повикува“. Пред две години тврдеше припадник на службите за безбедност имал контакти со вооружената група од кумановско Диво Насеље. Се поврзува и со убиство на полицаец во трговскиот центар Чаирчанка.