МД „Илинден“ – Тирана ги повика сонародниците да се изјаснат како Македонци на пописот

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана упати јавен повик до сонародниците во Албанија да се изјаснат како Македонци на пописот.



„Главата Горе

Македонско друштво ‘Илинден’ – Тирана ги повикува сите Македонци во Албанија да се изјаснат дека се Македонци и да го чуват својот македонски идендитет“, се вели во повикот.

Во статистичката операција во Албанија месецов и во ноември првпат во пописните материјали има графа за етничката и за верската припадност.