Мажите со прележан Ковид-19 имаат поголеми шанси да станат импотентни

„Ако продолжите со надалеку познатиот инает и не се вакцинирате, „Фајзер“ пак ќе Ви ги земе парите, овој пат преку „вијагра“, предупредува д-р Нико Беќаровски според кој прележувањето на Ковид-19 може сериозно да влијае на потенцијата кај мажите.



„Шансите да станете импотентни по прележување на ковид-19, Ви се ШЕСТ пати поголеми!
П.С. вирусот го напаѓа и срцевиот мускул и шансите по конзумирање на „вијагра“ да завршите во болнички кревет, Ви се далеку поголеми отколку во посакуваниот“, пишува Беќаровски.