Мажите од Македонија највозрасни во Европа го напуштаат родителскиот дом

Македонија се најде на првото место во Европа според просечната старост на мажите кога го напуштаат родителскиот дом од 35,6 години, покажуваат податоците на Евростат за 2019 година.



Според вкупната просечна старост на мажите и на жените од 31,7 години кога го напуштаат домот на своите родители, Македонија е трета одзади на стариот континент.

По овој параметар зад неа се само Црна Гора со просек од 33,1 година и Хрватска со 31,8 години.

Децата најрано го напуштаат родителскиот дом во Шведска – во просек на 17,8 години. По неа следува Луксембург со 20,1 години, а трета е Данска со 21,1 години.

Во Европската унија просечната старост при напуштањето на домот на родителите е 25,9 години, односно 25 за жените и 26,9 за мажите.