Посетителите на Лувр во Париз останаа запрепастени откако „постара жена“ скокна од својата инвалидска количка и фрли парче торта на ремек-делото на Леонардо да Винчи – сликата „Мона Лиза“.
Сторителот на необичниот напад бил маж преправен во старица и носел перика.
Тој најпрво се обидел да го скрши стаклото отпорно на оклоп што ја штити познатата слика на Да Винчи.
Откако не успеал, фрлил парче торта но само ја замачкал стаклената плоча што го штити платното.
Се уште не е јасно кој бил мотивот на човекот и како успеал да ја донесе тортата во музејот. Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на вандали.
Во 1956 година, долниот дел од ремек-делото беше сериозно оштетен од фрлена киселина. Поради овој инцидент, Мона Лиза сега се чува зад оклопно стакло.






