Маж од Македонија најден мртов во стан во Софија

Стојан Спасов, државјанин на Македонија на возраст од 26 години, бил најден мртов во неделата во зграда на улицата „Емилијан Станев“ во Софија, јави Бугарската телеграфска агенција (БТА). На неговото тело немало траги од насилство.



Обвинителството почнало истрага според текстот од Кривичниот законик за помагање или за склоност кон самоубиство.

Блиски пријатели на младиот човек од Виница за медиумите велат дека станува збор за спортист кој извесно време работел и живеел во Бугарија.

Македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека контактирале со надлежните органи преку амбасадата во Софија, од каде се добиени првичните информации за случајот.