Маврово осамна под снежна покривка откако синоќа започна да вее снег и не престана во текот на ноќта.



Снежна покривка има и на Попова Шапка и во битолско Нижеполе, откриваат камерите во живо на веб-страницата „skimacedonia.mk“.

Според очекувањата на УХМР, снежната покривка се очекува да достигне до 15 сантиметри, а според видео-камерите, најверојатно подебел слој на снег има на Попова Шапка и во Стрежево.

Поради снегот, утрово пристигна соопштение од АМСМ преку кое се забранува движењето на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар.