Матурскиот испит по англиски јазик нема да биде поништен и покрај тоа што на „Вибер“ беа споделени фотографии со прашањата и одговорите.
СДпоред директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) , Благица Павловска, не станува збор за пробиен тест од системот, туку си ги споделувале ученици откако испитот веќе почнал.
„Не. Не се предвидува можност за поништување на државната матура. Тестовите беа професионално составени од Центарот и навреме распределени до сите училишта. Тестовите не беа преземени од системот. Тестирањето започна навреме… Материјалот е вратен во канцелариите на Државниот испитен центар и во тек е проверката на списоците и записниците“, наведуваат од Државниот испитен центар.
Активистката Ана Глигорова, со осуда за образовниот систем по скандалот со матурскиот испит по англиски.








