Од 6 до 12 февруари, привремено прекинува бојкотот на матурантите откако Сојузот на средношколци синоќа одлучи од утре да го прекине бојкотирањето на наставата следната недела,
По нивните средби во Собранието, велат дека добиле поддршка од повеќе од 70 пратеници во законодавниот дом.
Во случај да не најдат компромис со Министерството за образование и наука, како последен демократски чекор ќе бараат пратениците да изготват и донесат законско решение кое ќе ги вклучи нивните барања кои ќе важат само за оваа учебна година.
Средношколците бараат од МОН да го намали бројот на предмети кои учениците треба да ги полагаат. Од четири предмети учениците да полагаат два предмети, и тоа мајчин јазик и втор предмет по избор на ученикот.





