Матуранти денеска не се вклучија во онлајн-наставата и во почетокот на второто полугодие од учебната година.
Организирани од Средношколскиот сојуз, матурантите од денесж започнаа бојкот: Бараат да полагаат два наместо четири (три екстерни и еден интернет предмет) од државната матура.
Ставот на МОН дека оваа година нема да има измени во бројот на испити, но дека ќе се полага по скратени програми.
Претседателот на Средношколскиот сојуз Бленди Ходаи за МИА изјави дека според известувањата од нивни ограноци, бојкот има во средни училишта во 20 градови, вклучително и во Скопје, а онаму каде што не почнал е зашто не биле известени и дека ќе бојкотираат од утре.
„Првата недела планираме бојкот, а потоа ќе одлучиме дали ќе имаме протест или друга активност за да се прифатат нашите барања“, рече Ходаи.
Државниот испитен центар во ноември ги објави и термините за испитите од трите екстерни испити кои ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни 2021.






