Тукушто излегоа прелимираните рзултати од екстерните тестирања од испитот по Државна матура, а јавноста веќе е разбранувана со информации за исклучително слаби резултати од тестот по англиски јазик. Посебно се револтирани оние матурантите, кои, како што сведочат за Фактор, јазикот го владеат на најпредно ниво C2, за што и поседуваат светски признати сертификати, пишува Фактор.мк.
-Факт е дека токму за тестот по англиски јазик беше откриена таа Вибер група во која беа споделувани прашањата, но конкретно јас ниту бев во таа група, ниту препишував. Знаењето по англиски јазик е лично мое. Мора да признаам дека повеќе имам мака со македонскиот јазик, отколку со англискиот, а на овој тест освои едвај 40 перцентили. Веднаш поднесов приговор за што моите родители платија 2.500 денари. Но, со оглед на фактот што сум повеќе од сигурен дека одговорите во тестот ми се точни, верувам дека ќе има корекција и дека парите ќе ни бидат вратени, сведочи за Фактор матурант од Скопје.
Линк до целиот текст.






