Државниот испитен центар ќе го стави штрајкот во мирување по денешната изјава/порака на министерот за обраование Јетон Шаќири дека матура мора да има.
Министерот Шаќири: Матура мора да има на 27-ми мај
Министерот најави дека доколку биде потребно, на местотом на вработените кои штрајкуваат ќе бидат донесени кадри од Министерството за образование. ќ
„Насилните мерки и притисоци на министерот Шаќири со обид да внесе надворешни лица во процесот на државната матура – процес кој е со висок степен на тајност, ќе ја доведе во прашање валидноста на тестирањето и резултатите од матурата, велат од ДИЦ.
Вработените во Државниот испитен центар, како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина.
Со ова известување штрајкот се става во мирување!







