„Македонија е двонационална, македонско-албанска држава, но со помош на кревањето на Албанците на рамниште на државотворен народ таа треба да биде целосно деетнизирана и да биде ослободена од свештеничко-фашистичкиот грч, во кој се наоѓа. Изборот на премиерот-Албанец на Македонија, како четврти албански премиер во Балканот, исто така, ќе помогне да се спроведе деетнизацијата.“ – вели косовскиот политички аналитичар Халил Матоши во својата колумна со наслов „Обединетите Држави на Арберија“ (старото име на Албанија), која ја објави косовскиот информативен портал „Газета експрес“, а информативната агенција на албански јазик ИНА ја пренесе под наслов „с.Македонија е, де факто, двонационална, македонско-албанска држава“.
Матоши пишува: „Албанија и с.Македонија, членки на НАТО, се пред започнување преговори за членство во ЕУ, Црна Гора е во НАТО, а Косово е со НАТО дома. Значи, Албанците со востановувањето на нивните законски права во Македонија и со децентрализацијата на власта според Повелбата на ЕУ во Црна Гора и Србија, стапнаа во својата златна епоха!“
„Добар знак е што во 2022 година тројца премиери, еден заменик-премиер и еден претседател на Парламент, сите Албанци, раководат во четири држави во Балканот. Фактот што Албанците можат да дојдат на чело на владите и парламентите на споменатите четири земји е добра можност за постојана афирмација и стабилизација на албанската кауза во Централниот и Западниот Балкан, но на крајот на денот резултатите доаѓаат од квалитетот на владеењето, не од ‘албанството’ на лидерите на овие држави.“
„Во август 2020 година СДСМ и ДУИ постигнаа договор за формирање на владејачката коалиција. Според договорот, с.Македонија има Албанец-претседател на Собранието, а можеби ќе има и премиер-Албанец за прв пат, во зависност од тоа како ќе функционира формулата на актуелната Влада!? Инаку, Македонија во епохата по Груевски е политички стабилизирана.“
„ Де јуре, само Албанија е национална држава на Албанците. с.Македонија е, всушност, двонационална, македонско-албанска држава, држава на Македонците и Албанците (Белгија на Балканот) и другите етнички малцинства, а де јуре е унитарна држава. Во ваква ситуација можниот албански премиер, ако се случи тоа, може да ја продлабочи примената на Охридскиот договор, да се унапредат деетнизацијата на државата и нејзиното ослободување од еден вид свештеничко-фашистички грч, застој (крилото на Груевски). Затоа е потребно промовирање не на етничката поделба туку на рамноправноста, кревајќи ги Албанците на рамниште на државотворен народ!“
„Албанците успеаја на политичко рамниште и во територијата, што ја поседуваат, да го остварат својот оптимален геополитички интерес. Преку евроатлантските механизми Албанците остварија поврзаност на луѓето и на нивната географија, толку што кратенката САД – Обединети Држави на Арберија (старото име на Албанија) е факт, ако обединувањето се сфати како пригрнување на заедничките европски вредности.“ – заклучува овој косовски аналитичар во својата колумна.
Home Македонија Матоши: „Премиерот-Албанец ќе ја деетнизира македонско-албанската држава и ќе ја ослободи од...





