Стотина матични лекари ќе одат во пензија до крајот на годинава, што ги става во ризик ординациите, медицинските сестри и помладите лекари. Здружението на матични лекари бара промени во законот или наместо пензија продолжување на работата на лекарите. Министерството ги разгледува можните решенија.
По 31 година работен стаж, медицинска сестра во Велес останува без работа, бидејќи матичната докторка со која работела оди во пензија.
Докторката поради пензионирањето ја затворила ординацијата, а сестрата која уште има десетина година до пензија, веќе трет месец е под Бирото за вработување.
„Докторката ја затвори ординацијата, а јас во меѓувреме морав еден тон документи да поднесам до Министерството за здравство дека од оправдани причини ординацијата се затвора, па потоа се бараше и потврда дека сум под биро за вработување и сето тоа го направив уште пред два месеци, но еве веќе трет месец како чекам и немам никаков одговор од министерството“, раскажува сестрата за РСЕ.
Според постојните закони, ако докторката како носител на дејноста на приватната здравствена установа, се пензионира, автоматски и медицинските сестри ќе мора да одат како невработени под Агенција за вработување.
„И да сакаш предвреме да ги спремиш документите не можеш затоа што се бара потврда дека сме под биро за вработување, што значи моравме да чекаме да се затвори ординацијата па потоа да ги поднесеме документите и веќе трет месец сме без работа“, раскажува медицинската сестра која сега седи дома без работа.
Линк до целиот текст.







