Вработените во Управата за матични книги, од денеска започнаа со протест незадоволни од ниските плати.



Од денеска граѓаните нема да може да вадат извод од родени, да се запишуваат починати лица, да се издаваат реченија за слободна брачна состојба и венчаници. Исто така, нема да биде во фунцкија и електронската нарачка на документите.

Ввработените во Управата за водење матични книги бараат да се донесе колективен доковор за вработените во УВМК и да се зголемат платите за 30 проценти. Велат дека се спремни за договори.

Околу 500 вработени бараат да им бидат признаени звањата и да работат на позиции соодветни на искуството и образованието, а не како што е сега, сите независно од звањето да работат иста работа.