„Матичарите“ излегуваат на улица

По една недела откако почнаа со генерален штрајк, вработените во Управата за водење матични книги денеска во периодот од 15 до 17 часот организира протестен марш во центарот на Скопје.



Маршот ќе се одвива од проасторот пред Градска болница, кон Собранието и потоа пред Министерството за правда, каде што ќе ги соопштат барањата, односно причините за генералниот штрајк.

„Ве известуваме дека по повод штрајкот кој се одвива во Управата за водење на матични книги, организиран од Независниот синдикат на управата, на 05.05.2022 година дополнително вработените од управата ќе оддржат протест од 15.00 часот до 17.00 часот пред министерството за правда каде ќе бидат блокирани улиците. Во 16.00 часот пред Министерството за правда ќе оддржиме и прес конференција“ се наведува во нивното соопштение.