Матичарите денеска на улица, граѓаните со денови не можат да вадат документи

Иако за Независниот Синдикат на управата за водење на матични книги, излегувањето на улица, не беше опција, по една недела откако почнаа со генерален штрајк, денеска во периодот од 15 до 17 часот организира протестен марш во центарот на Скопје.



Рутата по која ќе се движат вработените во Управата за водење матични книги, како што најавија од Синдикатот е од поранешната Градска болница, кон Собранието и потоа пред Министерството за правда, каде што ќе ги соопштат барањата, односно причините за генералниот штрајк.

-Ве известуваме дека по повод штрајкот кој се одвива во Управата за водење на матични книги, организиран од Независниот синдикат на управата, на 05.05.2022 година дополнително вработените од управата ќе оддржат протест од 15.00 часот до 17.00 часот пред министерството за правда каде ќе бидат блокирани улиците. Во 16.00 часот пред Министерството за правда ќе оддржиме и прес конференција се наведува во нивното соопштение.

Во меѓувреме, голем дел од граѓаните на кои им се потребни документи од Управата за водење матични книги, не можат да завршат работа. Секој штрајк е на штета на граѓаните, велат соговорниците на Фактор.

-Проблемот кај нас е тоа што секој кој што ги бара своите права, ги загрозува правата на своите сограѓани. Што направија со учениците? Ништо. Најголемата штета ја претрпеа тие. Синдикатот не постигна ништо за да ги задоволи вработените во основните и во средните училишта. Истото се случува и со штрајкот на вработените во Управата за водење матични книги. Луѓето не може да извадат никаков документ, дали станува збор за умреница, венчаница, извод од книга на родени. Штетата ја трпи обичниот човек, поголемите немаат слух, вели Сашо Велковски од Скопје.

Истовремено, мајка на близначиња кои треба во септември да почнат да одат во училиште, со денови не може да извади извод од книга на родените, документ кој треба да го приложи при упис во основното училиште.

Линк до целиот текст.