Математиката на професорот Дејан Трајковски од Универзитетот Свети Климент Охридски направена врз основа на берзански и пазарни цени на струјата докажува кражба на стотици милиони евра македонски пари преку проектот со грчки Митилинеос.

Професорот кој открива дека ако се изгласа договорот во Собранието Македонија ќе губи десетици милиони евра годишно бара итна реакција пред да биде предоцна.
,,ИТНО!
Табелата од подолниот линк веднаш да ја отворат сите пратеници од парламентот, во РКЕ, Јавното обвинителство и новинарите, пред да настанат долгорочни и непоправливи штети за државата и населението поради изгласувањето на штетниот договор за Митилинеос.
Таму се поместени сите историски цени на TTF фјучерсите за гас и базната цена на електричната енергија на берзата Хупекс, како и пресметките на цените на електричната енергија според формулите од Договорот за Митилинеос. Трошоците за транспорт на гасот се усвоени на ниво од 2,1 EUR/MWh, а земено е во предвид и намалувањето на цената на електричната енергија поради продавањето на топлинската енергија.
Се докажува дека просечната цена за електричната енергија што би морале да им ја плаќаме на Митилинеос е за 17,39 EUR/MWh, односно за 16,35% поскапа од берзанската цена во секој од изминатите 26 месеци. Во однос на домашната цена на ЕПС разликите се уште поголеми. Овој тренд ќе продолжи и во иднина, бидејќи формулата е наштелована така што на Митилинеос ќе му носи голем екстра профит, а на граѓаните екстра трошоци”, пишува Трајковски кој објавува дека во табелите не се земени во предвид штетите поради неможноста за преземање на целокупните загарантирани количества на електрична и топлинска енергија, како и фрлените 49,75 милиони евра помош за Митилинеос, не добивајќи за возврат ниту еден процент сопственост во гасната електрана.
,,Доколку нешто не им е јасно, слободно нека ме побараат преку Месинџер за дополнителни објаснувања. Ситуацијата е ургентна и бара итно реагирање, уште во текот на денешниот ден, за да не трпиме штети наредните 20 години”, пишува Трајковски.
Поврзани вести
Само Бихаќка не се откажува од скандалозниот ,,бонбона бизнис”






