По синоќешното гласање недоверба во Собрание иницирано од најголемата опозициска партија, владата на Зоран Заев без проблеми го помина „тестот“ откако 62 пратеници се изјаснија против интерпелацијата, 40 беа за, а двајца воздржани.
„ВМРО-ДПМНЕ успеа: докажа математички прецизно дека за 10 месеци изгубиле 11 пратеници, дека Заев им купи неколкумина (другите у притвор)“ напиша на својот ФБ профил професорката, Билјана Ванковска.
„И така сега ќе си седат како мачиња, ќе си бидат конструктивни, а власта фактички веќе може да работи на случајот „двотретинско мнозинство за промена на Уставот“.
Математиките продолжуваат – некој собира, друг вади, трет дели и сите заедно помножени ќе одиме по ѓаволите“.





