Мастер планот на Заев: Двајца сигурни, сите други министри “висат”

Интензивни преговори, договори и трговии се случуваат во СДСМ и нивните коалициони партнери оваа недела.



Според извори блиски на високи партиски членови засега сигурни се само Оливер Спасовски и Радмила Шеќеринска а делумно безбеден е и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Кај ДУИ опасност од смена нема само кај вицепремиерот Бујар Османи.

Сите останати се во сериозна опасност да ги загубат ресорите.

Во најлоша ситуација засега се Елвин Хасан,
Зоран Шапуруќ и Зорица Апостоловска како министри без портфолио.

Од ДУИ најзагрозен е Садула Дураку, министерот за екологија кој освен што се покажал неспособен немал ни комуникациски вештини поради што Ахмети ќе мора да даде нов предлог а отворено е и прашањето дали екологија ќе остане кај ДУИ.

За ралика од министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој стана генерален секретар и најави заминување состојбата е целосно нејасна за Дамјан Манчевски и
Венко Филипче како шефови на важни министерства и во исто време блиски на вицепремиерката Шеќеринска.

Според состијбите од денеска Филипче може теоретски да добие уште една шанса а Манчевски има опција да се зафати со средување на инспекцискиот систем преку новиот државен орган кој планира да го формира Заев.

Во ранлива ситуација се и првиот финансиер
Драган Тевдовски и министерот за Транспорт и врски Горан Сугарески кои немаат резултати а немаат ни силна поддршка во СДСМ.

Според партиски извори речиси извесно е дека се укинуваат министерствата за информации на Роберт Поповски кој треба да биде нов директор на МРТВ, и за дијаспора на Едмонд Адеми кој во една варијанта се гледа како нов министер за Транспорт и Врски.

Во иднина Македонија најверојатно ќе нема министерство за дијаспора.

Мастер планот на Заев се менува секој ден и до идната недела се можни промени на актуелната ситуација поради партиски и лични комбинаторики но и закани и уцени од дел од сменетите.

Според планот никој од нив нема да биде целосно исфрлен од игра туку на сите треба да им се најдат други партиски или државни функции.