Масовниот убиец од Мејн пронајден мртов (ВИДЕО)

Осомничениот за убиството на 18 лица во американската сојузна држава Мејн, Роберт Кард (40) е пронајден мртов.



Како што јавува Би-Би-Си, тој бил пронајден по тридневна потрага во шумата и наводно се самоубил.

Според извештаите на медиумите, Кард бил пронајден само неколку часа откако локалните власти го укинале полицискиот час во областа.

Масакрот во Мејн е најсмртоносниот од 566 масовни престрелки во САД оваа година во кои загинале 188 луѓе.