Серискиот убиец од Кипар кој е осомничен за убиство на десетина жеен и девојчиња имал бугарски корени.
Неговата мајка, била од од Стара Загора, јавуваат бугарски медиуми.
Никос Метаксас, воен офицер, ги признал убиствата, а меѓу исчезнатите жени има три бугарски државјанки.
Тој ги контактирал жртвите преку социјални мрежи а сите биле странски државјанки кои работеле во Кипар, поголемиот дел од Азија, но исто така и од Балканот – Романија и Бугарија. Неофицијално, списокот на исчезнати за кои се верува дека биле негови жртви веќе достигнал 22 имиња.
Психолозите веруваат дека злосторствата што ги направил офицерот Никос Метаксас се предизвикани од тешка траума во неговото детство.
Неговите родители се развеле пред 12 години, а тој останал да живее со татко му.





