Седум дена трае неизвесноста околу судбината на 28-годишната Мароија Брзакова од с. Босилово.
Потрагата која од средата ја започнаа специјални полициски тимови со кучиња трагачи во Босилово и околината, не дадоа резултат.
Денеска граѓаните и ловџиите заедно со полицијата бараат насекаде со надеж дека Марија ќе ја пронајдат жива и здрава! Доколку денес потрагата биде неуспешна, таа ќе продолжи и утре.
Мајката на Марија раскажала дека документите, но и мобилниот на девојката и се дома, а таа излегла во тренерки.
„Сите сме вознемирени, Марија не би си го оставила детето никогаш. Таа е семеен човек, има костенлива долга коса, висока околу 160 сантиметри“, раскажала мајката.
Исчезнувањето на Марија, во понеделникот попладне го пријавил нејзиниот сопруг.
Семејството апелира до сите граѓани доколку имаат било какви информации да се јават на 070 447 338 или да пријават директно во полиција.





