Полицијата во Чешка ги предупреди граѓаните и туристите дека носењето маски е задолжително и за нудистите како заштита од коронавирусот.
Чешките сили за безбедност го издадоа ова предупредување откако на 27 март полицијата беше повикана во гратче источно од Прага поради тоа што нудисти што се сончале на плажа не носеле маски.
„Граѓаните смеат на одредени локации за тоа да бидат без облека, но и понатаму мораат да ја прекријат устата и не смеат да се собираат во преголем број“, соопштија властите.
Од почетокот на пандемијата до 11 април во Чешка се регистрирани 5.902 заразени од коронавирус, а 129 починаа од болеста.





