Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Битола донесе одлука од денеска и во наредните три денови на битолчани ќе им се овозможи бесплатен автобуски превоз до зимскиот центар Нижо Поле, со цел помош на граѓаните во услови на влошена состојба на амбиенталниот воздух во градот.
Со мерките се предвидувазголемени контроли и пренасочување на тешките товарни возила, со цел да се спречи нивно влегување во градот, како и да се овозможи побрз проток на клучни раскрсници и тесни грла во градот.
Општинскиот инспекторат и СВР Битола со свои екипи, ќе вршат зголемени контроли на терен, на начинот на работа и загревање на приватните капацитети и домаќинствата, а со претходно побарана помош преку јавување на телефонскиот број 047236019, тимови на ОО Црвен крст, ќе вршат достава на храна и лекови на хронично болни и изнемоштени лица, соопштија од ОКШ-Битола.
На битолчани им се препорачува да носат заштитни маски, за што во соработка со ОО Црвен крст, ќе бидат поставени пунктови за бесплатно делење на маски во Новиот пазар, градскиот пазар и на Широк Сокак, соопштија од ОКШ по синоќешниот состанок со кој претседаваа градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на општинскиот Совет, Габриела Илиевска.







