Во саботата вечер во близина на граничниот премин со Косово се случил тежок инцидент во кој нема повредени.
Полициски извори брифираат дека околу 21.00 часот од страна на четири засега непознати лица бил нападнат Јенузи Реџеп , на возраст од 24 години , вработен во НИКОБ, додека бил на работно место во хотел во изградба во близина на ГП Блаце.
Маскираните лица кои го нападнале Јенузи дошле со возило Мерцедес караван.
Биле маскирани со фантомки и вооружени со автоматски пушки. По пристигнувањето тие со бензин ја полиле внатрешноста на објектот кој бил предвиден за казино во состав на хотелот и ја запалиле.
Откако го предизвикале пожарот со возилото заминале во непознат правец, а од страна на Јенузи пожарот бил изгаснат со помош на противпожарен апарат.
Полицијата се уште не ги притворила напаѓачите.





