Министерката за здравство на Белгија, Меги Де Блок, вчера во парламентот се појави со необична заштитна маска со што го привлече вниманието на медиумите.
На маската е опечатено нејзиното лице.
Таа на својот Твитер профил објави фотографија со маската и напиша дека сите приходи од продажба на маските со нејзиниот лик ќе одат во добротворни цели.
Во саботата во Белгија е донесена уредба за задолжителнои носење на маската во затворени простори како кина, музеи, продавници.






