Маск ќе ги враќа сите укинати профили на Твитер

Сопственикот и извршен директор на Твитер, Илон Маск, најави дека следната недела ќе започне „општата амнестија“ за откажаните сметки на оваа мрежа.



Ова се однесува на оние корисници кои не го прекршиле законот или не учествувале во неконтролирано спамирање.

Во анкетата што беше спроведена, повеќе од 72 отсто од 3,2 милиони гласови го одобрија предлогот на Маск за амнестија на укинатите профили.

Претходно компанијата отпушти уште околу 50 инженери, без предупредување. Десетици од нив беа отпуштени по електронска пошта, бидејќи нивната работа не е задоволувачка.

Се претпоставува дека овие потези се дел од интензивните напори на Маск да ги намали трошоците на Твитер, кој должи најмалку 1 милијарда долари годишно како камата на заемите земени за купување на компанијата.