Американскиот бизнисмен Илон Маск вчера го обвини американскиот лидер Џо Бајден дека толерира илегална миграција за да обезбеди поддршка на претстојните претседателски избори.



„Стратегијата на Бајден е многу едноставна. Прво, оставете што е можно повеќе илегални имигранти да влезат во земјата. Второ, легализирајте ги за да се создаде постојано мнозинство – еднопартиска држава. Затоа тој толку многу ја поттикнува илегалната имиграција, напиша тој во петокот на „X“ ( поранешен Твитер).

Трамп во тесно водство пред Бајден пред реваншот во ноември

Ова објаснува толку мал број на депортации. Секоја депортација е изгубен глас“, убеден е милијардерот.

Маск ја поддржа идејата на гувернерот на Тексас Грег Абот за обезбедување на границата на државата со Мексико без помош на администрацијата.

Абот претходно во интервју изјави дека е подготвен за конфликт со федералните власти за заштита на границите од илегални имигранти.