Брашното, џигерот, сладоледот….Сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази од денес ќе бидат оданочувани со 10% ДДДВ.
„Меѓу нив е и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли.
Поскапуваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот. По нови повисоки цени ќе се продаваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините“, објави ТВ Сител.






