Најмалку 7 лица загинаа, а 24 се повредени доцна синоќа во пукање во Хамбург во локалниот центар на сектата Јеховини сведоци.
Според Хамбургер Моргенпост, состојбата на седум од повредените се оценува како тешка.
„Едно или повеќе неидентификувани лица отвориле оган врз луѓето внатре во црквата“, се вели во соопштението на полицијата.
Се уште не се познати мотивите и конкретните околности на напаѓачот.
Според ТВ каналот РТЛ, полицијата во Хамбург верува дека напаѓачот на Јеховините сведоци извршил самоубиство.
Кога полициските службеници влегле во зградата, слушнале истрел од огнено оружје на горните катови. Т
Таму подоцна било пронајдено телото на наводниот сторител. Во исто време, оваа информација се уште не е потврдена, истрагата продолжува.
Градоначалникот на Хамбург го опиша крвавиот инцидент како шокантен..
Нападот се случил нешто по 21 часот по локално време во модерна трикатна зграда во која бил сместен верскиот центар.







