Вооружен маж уби шест, а повреди дваесет лица во училиште во централна Русија.
На социјалната мрежа Телеграм утрово се појавија неколку снимки од напад во училиште во рускиот град Ижевск, информација која подоцна ја потврдија и руските медиуми.
Меѓу жртвите има ученици,а убиен е и чуварот во училиштето во градот Ижевск, јавуваат руските медиуми.
Инцидентот се случил во училиштето број 88, во кое има речиси 1.000 ученици и околу 80 наставници.
Вооружениот напаѓач наводно се самоубил, а мотивот за убиствата е нејасен. Училиштето е во центарот на Ижевск, град со околу 650.000 жители.







