Nапаѓачи вооружени со пушки и пиштоли отвориле оган кон луѓе кои седеле во ноќен клуб во Совето, предградие на Јоханесбург во раните утрински часови во неделата, при што убиле 15, а раниле девет, соопшти полицијата.
Меѓу повредените, тројца се борат за живот. Меѓу жртвите има и тинејџери.
„Nапаѓачите само влегле и по случаен избор пукале во нив – изјави утрово полицискиот комесар Елиас Мавела.
Непознатите вооружени напаѓачи побегнале од местото и сега се во бегство, соопшти полицијата, додавајќи дека не е јасно колкумина биле вклучени во нападот,пренесе Ројтерс.







