Маржите паднаа, ќе паднат ли и цените?

Одлуката за замрзнување на маржите која ќе трае да септември од вчера стапи во сила, но цените на основните прехранбени производи не се спуштија, изјави граѓани во телевизиските анкети.



Според нив, само мал дел од маркетите ги спуштиле цените на лебот,  шеќерот и јајцата за денар, два или максимум до три. Маслото за јадење, брашното и макароните се продаваат по стари цени, пишува „Фактор“.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека од денеска ќе има позначајно намалување. Според него, одлуката за замрзнување на маржите на 5 и 10 отсто кај основните прехранбени производи вчера била објавена во Службен весник, а дистрибутерите попладнето требало да ги достават производите со пониски цени.

Според него, енормните маржи од 70 отсто кај дел од продуктите биле нереални, затоа што влезните, оперативни трошоци не им биле зголемени.