Мартовската пензија повисока за 8,4% – инфлацијата пред време ја „изеде“

Мартовските пензии ќе бидат повисоки за 8,4%, откако Советот на социјална сигурност на Владина седница усвои нивно зголемување. Тоа би значело дека тие што, на пример земаат 20.000 денари, отсега ќе земаат 21.680 денари. Ова зголемување доаѓа при двоцифрена инфлација која минатиот месец достигна дури 16,8%, што во пракса значи дека покачувањето е веќе изедено. Од Владата велат дека годинава, освен ова мартовско усогласување на пензиите, ќе следело уште едно во септември, но заборавија да кажат дека инфлацијата на големо им ги „јаде“ парите на сите.



  • Септемвриските пензии се усогласија во 2022 година согласно овој комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоците на живот и ја зголемивме, односно усогласивме тогаш поензијата за 6,8%. Зголемувањето сега со мартовската пензија, која што пензионерите ќе ја добијат на крајот од месец март, некаде 27ми март ќе започне исплатата на пензиите, ќе биде зголемена, односно усогласена за 8,4% и со тоа просечната пензија од 17.666 денари се зголемува на 19.150 денари”, рече Тренческа.

Ова минимално зголемување ќе значи малку за оваа категорија граѓани која зависи од државниот буџет. Од Сојзуот на пензионери ја поздравија одлуката, но очекуваат зголемувањето да биде поголемо за справуваање со ценовните шокови на прехранбените продукти, но и скапите лекови.

Претседателката на Сојуз на здруженија на пензионери, Трајкова истакна дека со примената на новата методологија која е преточена во законот за ПИОМ најнепосредно и директно се примени членот 37 од законот за ПИО и пензиите ќе се усогласат со 8,4%.

Според пресметките на Владата, просечната пензија во Македонија сега ќе изнесува нешто над 19.000 денари, со што повторно, втора година по ред ќе биде помала од минималната плата. Тоа значи дека просечните примања на пензионерите и натаму се помали од најниско платениот работник. Или, со други зборови, тие што имаат високи пензии ќе имаат многу повисоки, а оние што имаат мали, незабележително ќе им се зголемат.