Мартенс: Западен Балкан во ЕУ може да влезе за помалку од 150 години

Еден од најдобрите познавачи на состојбата во Југоисточна Европа и на првата цедор н проширување, дописникот на Франкфурер Алгемајне Цајтунг Михаел Мартенс во анализа базирана на досегашните активности вели дека Македонија и другите земји од Западниот Балкан ќе влезат во ЕУ за еден и пол век од сега.



,,Одлична вест за сите љубители на проширувањето на ЕУ! Одлични вести за Украина, Србија, Абанија и сите други кандидати за пристап во Европската Унија! Доколку пристапните преговори продолжат со сегашното темпо, овие земји би можеле да влезат во ЕУ за помалку од 150 години”, анализира Мартенс во својот ироничен но и реален текст.

,,Земете го примерот со Црна Гора. Ако може да се задржи сегашното темпо на преговорите за пристап, Црна Гора би можела да се приклучи на ЕУ за само 112 години од сега. Поточно: Црна Гора би можела да стане членка на ЕУ во јануари 2134 година. (Но само во втората половина на јануари, се разбира).

Како може да се објасни ова вртоглаво темпо? Па, всушност прилично лесно. Преговорите за членство со Црна Гора започнаа во јуни 2012 година, па оттогаш помина една деценија. (126 месеци, ако го вклучите и сегашниот).

Во текот на оваа деценија преговори со Комисијата на ЕУ, Црна Гора привремено затвори 3 од 35 преговарачки поглавја.

Три поглавја во 126 месеци значи дека на Европската Комисија и на Црна Гора им беа потребни во просек 42 месеци за (привремено) да завршат едно поглавје од преговорите. Ако ја задржат сегашната брзина, ќе им требаат само 1344 месеци (што значи 112 години) за преостанатите 32 поглавја”, пишува Мартенс кој се води од јавно достапните но и од информациите кои ги добива од Брисел, Берлин, Париз и другите ЕУ центри кои не се големи ентузијасти за проширувањето.

Мартенс важи за новинар кој има пристап до плановите, агендите и анализите на водечките фактори во ЕУ.