Мартенс: Бугарија ги понижува и отуѓува Македонците како пријатели

Германскиот новинар на весникот Франфуртер Алгемајне Цајтунг (FAZ) Михаел Мартенс смета дека Бугарија прави грешка и со своето однесување губи близок партнер.



“Со паметна политика, Бугарија од 1991 година беше во најдобра позиција да ги направи Македонија и Македонците нејзин најблизок сосед и сојузник. Наместо тоа, сега прави сè за да го отуѓи овој потенцијален сојузник со патронизирање и понижување. Сигурен начин да ги изгубите пријателите”, вели Мартенс кој на ниво на европските медиуми важи за еден од најдобрите познавачи на состојбите и односите меѓу народите и државите на Балканот.